Писмо од еден Македонец кој се колеба дали да гласа


Плус инфо објави текст напишан од Бранко Геровски со наслов ,,Писмо од еден Македонец кој се колеба дали да гласа,,

Во продолжение ви пренесуваме дел од текстот, а целото писмо може да го прочитате на Плус Инфо 

Брат, гледам, ме повикуваш да излезам на референдумот и да гласам „за”. За НАТО и за ЕУ и за договорот од Преспа. Јасно ми е прашањето, де, да не се лажеме. Ама јас сепак се колебам…

Ти знаеш дека мене не ми се допаѓа оваа промена на името. Ич не ми се допаѓа! Знам јас дека не може Република Македонија. Ама, ми беше ветено дека нема да се менува Уставот. Ми беше кажано дека бараме замена за БЈРМ… И сега излезе поинаку.

Се думам. Да, не ми се допаѓа што ќе добијам лична карта и пасош со новото име на нашата држава – Република Северна Македонија. Ама, ете сфаќам, добро е тоа што името на националноста и на јазикот ќе ни останат македонски. И ние ќе си останеме Македонци. Нема две добра, знам. Не сум решил да гласам (сѐ уште не),  Гледам, тебе тоа те нервира. Ти ме повикуваш да излезам и да гласам „за”, па потоа велиш дека ќе сум бил против законот ако бојкотирам, дека ќе сум станел предавник, дека не сум бил патриот, дека не сум бил одговорен кон своите деца и внуци и дека уште сум бил и глупав и ненормален.

Алооооо! Кочи малку!

Целиот текст прочитајте го на – Plusinfo.mk

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1