Дежурен јавен обвинител синоќа изврши увид на лице место на булеварот „Србија” во Скопје, каде што се случи тешка сообраќајна несреќа во која беа повредени три лица пешаци – возрасни маж и жена и нивната тригодишна внука.
– Поради сериозноста на повредите, жената и нејзината внука итно беа пренесени во Ургентниот центар. Во текот на ноќта жената починала, додека девојчето сѐ уште се наоѓа во тешка здравствена состојба – велат од обвинителството.
61-годишната жена починала откако за помалку од три часа по сообраќајката, на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Девојчето со тешки телесни повреди исто така било пренесено во Клиничкиот центар. Повредите на дедото се од полесен карактер.
Како што информираа од МВР, сообраќајката се случина околу 20 часот, во бабата и внуката удрило возило „пежо партнер“ во велешки регистрации управувано од 40-годишен велешанец.
Веднаш по несреќата јавниот обвинител издал наредба за проверка на присуство на алкохол и наркотици во крвта и урината на возачот. Возилото е подигнато од местото на несреќата и предадено на вештачење, а се преземаат и сите неопходни дејствија за утврдување на фактите.