Денеска во Јавното Обвинителство доставивме кривична пријава која што веќе ја најавивме во саботата на прес-конференција против премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, кој што јавно на митинг во Крива Паланка повика на поткуп при избори што е спротивно на чл. 160 и чл.162 од Кривичен Законик и тоа е казниво дело.
Ја поднесовме кривичната пријава од причина што јавниот обвинител не постапи согласно своите надлежности кои што се предвидени во чл. 39 од Законот за кривична постапка односно не отвори постапка против Зоран Заев јавно допрен глас.
Во склоп на кривичната пријава го доставивме и видео материјалот на кој што се слуша како Зоран Заев јавно повикува на поткуп, каде што се слуша дека признава еден бизнисмен односно сопственикот на „Минстрој“ веќе му ветил дека ќе ги награди работниците доколку излезат на претстојниот референдум. Целта ни е да докажеме дека никој не е над законот, па ниту Зоран Заев.
Дополнително, сакам уште еднаш да потенцираме дека граѓаните на Република Македонија се слободни при својот избор, при донесувањето на своите одлуки, и никој ама никој не може да ги натера со сила, со поткуп со уцени или со закана да излезат да гласаат на претстојниот референдум или пак на било кои избори. Туку тоа свое право, кое што е демократско право, загарантирано право, свето право можат да го искористат единствено самите согласно сопствената одлука.
Исто така бидејќи сме овде, би сакал да го прашаме јавниот обвинител, до денеска немаме одговор еве од 5-ти јули е поднесена кривична пријава против Зоран Заев, премиерот на Република Македонија, Никола Димитров министер за надворешни работи на Република Македонија, Талат Џафери претседател на Собранието на Република Македонија, Артан Груби претседател на Комисијата за европски прашања и уште 67 пратеници по 4 основи од Кривичниот законик и тоа велепредавство, загрозување на независноста, здружување заради непријателска дејност и злоупотреба на службена положба. Помина повеќе време, поминати еве речиси два ипол месеци до денеска немаме никакво известување што се случува со таа кривична пријава која што ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе.
Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ