Евакуацијата на зградата во Аеродром била поради нехигиена. Дел од присутните лица пред зградата од каде беа евакуирани изјавија дека причината за тоа е нехигиена во еден од становите.
Тие забележале повеќе употребувани пелени со измет, а пак, под скалите во зградата каде престојувал бездомник имало 10-ина шишиња со урина.
Неофицијално, мирисот е од амонијак. Станарите се веќе шест часа пред своите домови, а истовремено, полицијата, Противпожарна екипа и брза помош се на терен. Според информациите, се чекаат да пристигнат екипи за дезинфекција.
Жителите од зграда на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, беа евакуирани по пријава дека во влезот почувствувале силна миризба и печење на очите.