СЦ „Борис Трајковски“ доби висечки семафор


Големата сала во СЦ „Борис Трајковски“ од денеска е со нов изглед. За првпат во Македонија една спортска сала добива модернизиран висечки семафор по светски стандарди за сите спортови.

– Позитивно решивме еден голем проблем. Многу сум задоволен што успеавме да ја направиме оваа инвестиција, да направиме нешто убаво за салата и да придонесеме уживањето на гледачите да биде комплетно додека ги следат спортски и културните настани во СЦ „Борис Трајковски“. Продолжуваме и понатаму со инвестиции и со усовршување на можностите на објектот за да ги имплементираме сите стандарди што ги имаат најубавите сали во Европа. Оваа инвестиција нема да биде само за задоволство на гледачите, туку ќе придонесе и за олеснување на патот на федерациите за добивање на организации на европски и светски натпреварувања – изјави директорот на салата Александар Петровски.

Семафорот е поставен на централната најсилна точка во големата спортска сала. Во меѓувреме се тестира и се инсталира и софтверот на семафорот за резулти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1