„Катимерини“: МИА по интервенција од Атина, коригира дел од изјавата на Заев во Вашингтон


Грчиот весник „Катимерини” отрки дека по интервенција од Атина македонската државната новинска информативна агенција (МИА) сменила дел од она што го изјавил премиерот Зоран Заев во интервју дадено во Вашингтон, по средбата со потпретседателот на САД Мајк Пенс во Вашингтон.

Во интервју за МИА во Вашингтон, Заев, наводно, изјавил:

„Северен дел од Грција е Грција, западниот дел на Бугарија е Бугарија. Ова е нашата Македонија и нема да има уште еден во светот “, објави МИА првично“, тврди весникот.

МИА, според весникот, подоцна по интервенција на Атина целосно го променила цитатот.

„Сите знаеме дека денес дел од геополитичкиот регион на Македонија е во Грција, дел е во Бугарија, а северниот дел е во нашата земја. Никој никогаш нема да се обиде да ја негира нашата Македонија. Придавката „северна” прави разлика и потврдуваме дека постојат региони во Бугарија и Грција кои се нарекуваат Македонија“, пишува во текстот Катемирини.

Агенцијата МИА се уште не се изјаснила во врска со тврдењето на грчкиот весник.

Медиумите денеска го објавија видеото со интервјуто на премиерот за Гласот на Америка ( 4.10 минута) каде што постои спорната изјава.

Она што премиерот Зоран Заев го изјавил за МИА, а МИА го „преформулира“, го пренесува Гласот на Америка на македонски јазик.

По средбата со потпретседателот на САД Мајк Пенс македонскиот премиер дал миниинтервју и за Гласот на Америка на македонски јазик.

Спорната изјава е одговор на последното новинарско прашање за Заев од новинарот Јане Бојаџиевски.

Со оглед дека е премиер на сите граѓани на Македонија, и на оние кои се ЗА референдумот, но и на ониe кои повикуваат на бојкот. Може ли е обединување, на двете страни, ЗА иднината на Македонија?

– Јас го сонувам тоа. Го посакувам. Јас сум премиер којшто презема политичка одговорност. Можам да завршам вака или онака. Но, важно е Македонија да оди напред. Треба да разберат сите граѓани – нема друга Македонија. Ги повикувам сите да ја поддржат оваа прекрасна иднина на Македонија, изјави премиерот Заев во интервјуто за Гласот на Америка.
https://mk.voanews.com/a/4581580.html
а интернет страницата на МРТ стои непроменетата изјава на македонскиот премиер.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1