Научниците го пронајдоа Светиот грал: Ископан во Русија, решена мистерија стара 558 милиони години


Научниците потврдија дека необичен фосил со овална форма кој го пронашле пред неколку години, всушност е најстар познат животински фосил. Тоа откритие е вистински „свет грал“ во палеонтологијата.

Имено, со децении меѓу научниците владееше дебата за потеклото на Дикинсониа, која на Земјата живеела пред 558 милиони години, во текот на периодот Едиакаран.

Се см,ета дека тие фосиле од тој период се први големи, повеќеклеточни битија, но толку се различни од било што денеска, што нивното точно потекло останало мистерија се до сега.

Научниците порано сметаа дека Дикинсониa може да биде печурка или голема амеба. Меѓутоа, новите истражувања на руските научници го открија нејзиното вистинско потекло и го означија како едно од првите животни.

​Фосилот бил толку добро сочуван што кога го пробушиле истражувачите, во него нашле траги од холестерол, вид на масти кои се јасен показател за животинското потекло.

„Молекулите на фосилните масти кои ги пронајдовме докажуваат дека животоните биле големи и богати пред 558 милиони години, милиони години пред она што се мислеше“, рече професрот Џокен Брокс од Австралискиот национален универзитет.

До сега во палеотнологијата важеше дека големите животни почнале да доминираат на земјата во Камбриумот пред околу 541 милион години.

Тогаш, имено се појавуваат суштества кои научниците ги препознаа како црви и мекотели. Новото откритие, сугерира дека им претходел бран на животни кои изгледале како Дикинсониa.

Освен високото ниво на хоелстерол во овој фосил, научниците уште пронајдоа и дека му недостасуваат хемиски маркери за кои се знае дека се поврзани со печурките.

„Научниците повеќе од 75 години водат „борба“ околу Дикинсониа и другите бизарни фосили од Едиакаран“, рече професор Брокс, кон не можел да верува во резултатите кои му ги претставил првпат студентот на докторски студии Илија Бобровски.

„Фосилната маст сега потврдува дека Дикинсониа е најстар животински фосил и со тоа ја решивме една деценија старата мистерија, која секако е „светиот грал“ на палеонтологијата“.

Примерокот е ископан во близина на Белото море, кое се наоѓа на крајниот северозапад на европскиот дел на Руската Федерација.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1