Австралија во потрага по вонземјани, го претстави најголемиот телескоп во светот (Видео)


Автралија денеска го претстави џиновскиот радио-телескоп кој ќе треба да им овозможи на астронаутите да ги откриваат далечните галаксии и да ги истражат длабочините на универзумот со досега невидена прецизност.

Австралискиот „СКА Петфајндер“ телескоп, поставен во Марџисон радио-астрономската опсерваторија, лоцирана во пустина во Западна Австралија, е составен од 36 антени, секој со пречник од 12 метри.
Телескопот вреден 140 милиони долари, може да го истражи небото многу побрзо од веќе постоечките телескопи. Составен е од антени осетливи на слаба радиоактивност која ја има во Млечниот пат, што овозможува можност да се забележат и далечните галаксии.

Директорот на Научно и индустриската истражувачка организација, Комонвелт АСКАП, Брајан Бојл изјавил дека проучувањето на радио брановите ќе им овозможи на астрономите да дознаат за деталите во космосот.
„Сега ќе можеме да дознаеме за тоа кај која ѕвезда е намалено количеството на одреден гас, или пак за некои егзотични објекти како што се пулсарите и квазарите. Ова ги поместува границите на нашето знаење за физичките закони на универзумот. Радио-астрономијата ќе ни даде увид за настанокот на свемирот“, истакна Брајан.

Министерот за наука Крис Еванс, изјави дека телескопот ќе претставува голем чекор за иновацијата во Австралија.
„Тоа ќе биде најснажниот радио-астрономски телескоп на светот со огромен капацитет, далеку понапреден од оној што досега постоел“, изјави Еванс.
Телескопет треба да биде дел од допринесот за истражување на свемирот. Австралија заедно со Јужна Африка и Нов Зеланд ваквата нова авантура ќе ги чини инвестиција од 2,5 милијарди долари.

Во овој проект се вклучени шумски антени кои се распоредени на поодалечено растојание и кои имаат функција да ги собираат сигналите на космичките феномени кои не можат да бидат откриени со оптички телескопи. Новиот телескоп ќе биде 50 пати помоќен од тековните и ќе биде во можност да ги истражува ѕвездите, нивната експлозија, црните дупки, темните енергии и трагите од постоењето на универзумот од пред 14 милијарди години.
Бојл истакна дека АСКАП телескопот ќе им овозможи на 350 истражувачи од преку 130 институти да преземат десет научноистражувачки проекти. На еден од проектите ќе бидат наведени сите локални галаксии, од неколку милијарди светлосни години, што би требало да ја дадат најточната карта на универзумот околу нас и како настанал Млечниот пат.
„Друг проект ќе ги испитува сите магнетни полиња во вселената, со цел да се види дали космичкиот магнетизам, имал клучна улога во формирањето на ѕвездите и галаксиите.
Потрагата по вонземски живот ќе биде секундарна цел.
„Тоа е речиси паралелно со активностите на истражувањето кое ќе се спроведува“, изјави Бојл за новинарите.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1