Град Скопје не успеа да ја преземе топловодната мрежа, па од 15 октомври повторно БЕГ ќе ги снабдува скопјани. Од регулаторна посочија дека Градот уште нема поднесено ниту барање до нив за добивање на лиценца за да ја превземе топловодната мрежа. Според Шилегов таа е дивоградба и треба прво да се легализира. Па потоа Градот ќе бара нејзино превземање. Не се исклучува можноста целата постапка да се зварши и на средина од грејната сезона и тогаш Градот да ја превземе дистрибуцијата на топлинска енергија. Но според Шилегов тоа не е спорно затоа што и моментаниот снабдувач Бег лиценцата ја добил на први јануари.
Од БЕГ пак велат дека топловодната мрежа никогашп не била третирана како дивоградба и дека тие подготвени ќе ја дочекаат грејната сезона.
Топловодната мрежа која е во сопственост на државата и е дадена под закуп на БЕГ на 35 години била регистрирана со законот за подземни и надземни инфрастуктурни објекти и придружни инсталации за што бил воден посебен регистар од градот Скопје. Во април 2013 година кога дошло до промена на законот почнала да се води и постапка за усогласување со истиот и топловодната мрежа никогаш е се третирала како дивоградба. Пред почетокот на грејната сезона направена е целосна проверка на системот за централно греење и истиот е подготвен за редовна испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи. Во тек е и постапката за приклучување на новите потрошувачи во системот. Интересот за приклучување кон системот за централно греење годинава е за 50% поголем во однос на минатата година., се вели во дописот од компанијата