„Медикејн“ ураганот доаѓа кон Европа – можни силни ветришта со вртлоци


Силно невреме викендов ќе го погоди источниот дел од Средоземното море. Хибридната бура наречена “Медикејн” која наликува на комбинација од ураган и тајфун, најсилниот удар ќе го зададе во текот на утрешниот ден.

Преку Медитеранот, моќниот циклон сега се движи кон европско тло, а невремето при преминот преку Средоземното Море ќе добие карактеристики на ураган. Утре најпогодени ќе бидат грчкиот остров Крит, јужниот дел од Грција како и западна Турција. Овие предели ќе бидат зафатени од обилни врнежи и силни ветришта.

Засега нема најави дека силното невреме ќе ја зафати и Македонија. Од УХМР велат дека се очекуваат слаби врнежи во јужните делови од нашата земја.

Досегашните искуства покажале дека годишно се случуваат една до две вакви моќни временски непогоди. Иако може да се појави во било кое време од годината, истражувањата покажале дека најпогони месеци за “Медикејн” се септември и октомври, кога површината на Сердоземното море е прилично топла.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1