Еден од убиените кај Рузвлетова бил брат на убиениот Џелал Ајети од Ченто


Синоќа, половина час по полноќ се случила престрелка на улица „Франклин Рузвелт“ бр.63 во близина на зградата на СЈО при што засега непознати лица пукале во возило „Сеат Алтеа“ во кое се наоѓале 44-годишниот Н.А., 49-годишниот А.П и 19-годишниот Ф.Е.

Н.А. починал на лице место, додека Ф.Е. и А.П. биле пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде А.П. им подлегнал на повредите.

Според неофицијални информации на „Фактор“ еден од убиените му бил брат на Џелал Ајети, кој беше убиен во Ченто во 2013 година.

Го нарекуваа нарко бос, но се ширеа и информации за давање на заеми со лихва. Самиот тој поседуваше менувачница. 46 годишниот Ајети тогаш беше изрешетан со куршуми. Убиецот добро ја знаел неговата дневна рутина. Во пукањето кога Ајети беше убиен, уште едно лице беше повредено.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1