Тажна вест: Почина познатиот српски актер


На 72 годишна возраст, по долга и тешка болест, почина великанот на српското глумиште, Предраг Ејдус.

Ејдус одигра преку 200 драмски улоги и сними повеќе од 50 филмови. Учествуваше во 50 телевизиски драми и 30 тв серии.Познат е во поранешните југословенски простори преку неговите улоги во повеќе играни филмови и серии, но тој важеше за брилијантен театрски глумец. Ги играше улогите на Кнез Мишкин, Франц Кафка, Наполеон, Борис Годунов и многу други.

Денот на погребот и комеморацијата ќе бидат објавени дополнително.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1