По изјавата на Министерот за внатрешни работи на Србија , дека косовски специјалци ја зазеле хидроцентралата ,,Газиводе” и дека се уапсени Срби , се дигна тензијата во Приштина и во Белград.
Според српските медиуми , имало уапсени Срби во близина на хидросистемот Газиводе , во чија близина живее српско население. Оваа информација подоцна ја демантира Марко Ѓуриќ , директор на канцеларијата за Косово.
Нешто подоцна и претседателот на собранискиот одбор за Косово , Милан Дрецун изјави дека немало заземање на хидросистемот Газиводе од страна на косовските специјалци , туку дека го обезбедувале патот по кој требало да помине претседателот на Косово , Хашим Тачи.