До 13 часот од вкупниот број гласачи на гласање излегле 16 отсто од запишаните гласачи според обработени податоци за 90,24 отсто од гласачките места. Распонот на излезност по општини е од 7,82 до 19,15 %, соопшти Оливер Дерковски, претседателот на Државната изборна комисија.