Грчките медиуми за референдумот во Македонија


Циклонот „Зорбас“ е првата, а референдумот во Македонија денеска е втората најважна вест во грчките медиуми.

Голем дел од грчките медиуми имаат испратено новинари во Скопје кои уште од петокот известуваат за климата во Македонија, за анализите и процените, но и за важноста на денешниот референдум. На грчките телевизии има јавувања во живо од македонската престолнина.

Грчките новинари освен што ги пренесуваат главните информации и податоци поврзани со референдумот, во однос на тоа колку граѓани имаат право на глас, кога отвораат, а кога затвораат гласачките места, кога ќе бидат познати првичните резултати од ДИК и слично, коментираат дека она што е најважно, не е дали мнозинството ќе гласа „за„ или „против“, туку дали ќе има излезeност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1