Наместо притвор Фетаи побара мерка на претпазливост за Јанкуловска: Бебето не е криво


Специјалната јавна обвинителка, Фатиме Фетаи, побара мерка на претпазливост за екс министерката Гордана Јанкуловска, откако судот и пресуди затворска казна од шест години за злоупотреба на службената положба во предметот „Тенк“, за набавка на мерцедесот. Со ова на Јанкуловска би и се забранило да го напушти Скопје.Како што рече Фетиа, бебето не е виновно за кривичните дела што ги извршила неговата мајка, затоа му предложи на судот наместо спроведување во затвор, на Јанкуловска да и се изрече мерка nа претпазливост.
-Во предметот Титиник постојат мерки на претпазлиост, привремено одземање на патна исправа, постоење опасносt од бегство како што проценил судот. Чесен суд, висината на ефективната казна затвор на која е осудена е доведена во корелација со околностите поврзани со повредата на заштитеното добро. Нејзиното досегашно однесување во текот на постапката упатуваат на зголемена опасност од бегство, а тоа позицира и потреба од реакција од обвинителството и судот во насока на преземање мерки за отстранување или намалување на таа опасност – рече Фетаи.

Јасно е дека со изрекување на оваа пресуда, додаде таа, опасноста од бегство извонредно се зголемува.

-Предлагам наместо мерка притвор да се изрече дополнителна мерка на претпазливост за напуштање на престојувалиштето од Гордана Јанкуловска. Морам да нагласам имајќи ги предвид прислушуваните разговори, дека не сум сигурна дека хуманоста е особина на самата обвинета – посочи Фетаи.

Судечкиот совет се повлече на 30 минути пауза за да одлучи за предлогот на Фетаи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1