Јанева: Груевски во затвор за дваесетина дена


Катица Јанева во вечерашното издание на „Само Вистина“ рече дека според сите законски рокови , Груевски на издржување на затворската казна за пресудата за набавката на мерцедесот би требало да оди за дваесет дена.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во вечерашното издание на „Само Вистина“ рече дека според сите законски рокови , Груевски на издржување на затворската казна за пресудата за набавката на мерцедесот би требало да оди за дваесет дена бидејќи како што рече до петок би требало да ја добијат пресудата по што ќе почнеле да течат тие дваесет дена. Говорејќи за надлежностите на СЈО во делот на можноста за покренување обвиненија, Јанева рече дека очекува повеќето ако не и сите покренати истраги со добри и квалитетни докази да финишираат со јавно обвинителна одлука односно со покренување на обвинение.

Катица Јанева истакна дека како СЈО , воспоставиле надлежност и врз предметот “Маѓар Телеком“ и на 27.11 има конкретно судење за овој случај кој се однесува на проневера на милионски суми средства од поранешни високи функционери . Јанева во „Само Вистина “ги елаборира и најново отворените истраги за шесте случаи под кодните имиња “ Подарок“, “ Пропаганда“, „Дизајн“ “ Хармонија“ „Базни Станици“ и “ Пациент“ во кои постојат основи за сомнение за проневера на 80 милиони евра од Буџетот на Република Македонија. Во овие случаи покрај Груевски и Јанакиевски за прв пат има истраги за генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев, екс министерот за финансии Ставревски, генералниот директор на МРТВ Марјан Цветковски и актуелниот вицепремиер за евроинтеграции Бујар Османи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1