Етеми: Ќе го обжалам стопирањето на градбата. Парцелата е мој приватен имот


Фатмир Етеми сопственикот на парцелата кај Мајчин дом кој има одобрение за градба од осум ката, вели дека ги разбира граѓаните кои протестираат, но дека тоа земјиште е негов приватен имот.

Јас сите правни процедури досега сум ги почитувал до крај. Долго време сум со бизнисот со градежништво и сум одличен познавач на овие постапки.

Јас бев денеска кај градоначалникот на средба и ме информира дека ќе донесе одлука за да го стопира градењето на зградата, бидејќи оградата на градилиштето не била поставена според одобрението за градба. Јас не се согласувам со тоа и ќе поднесам жалба. За да не дојде до овој проблем и до оваа ситуација требаше многу порано да сереагира, а не кога е уплатено земјиштето 3 милиони евра, комуналиите 2 и кусур евра, вкупно се потрошени 5 и пол милиони евра, што е висока сума – изјави инвеститорот Етеми за 1ТВ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1