„Вашата ќерка е мртва“ – потресна исповед на семејството на настраданата Марија во верижниот судир


Таткото на 33-годишната Марија Чајетинац, која настрадала во својот автомобил во верижниот судир, ја барал својата ќерка на мобилниот телефон кој на патот го пронашол полицаец и му ја соопштил страшната вест.

Слушнав на вести дека имало верижен судир кај Јагодина, па ја побарав ќерка ми Марија, бидејќи знаев дека тргнала по тој пат. Телефонот долго ѕвонеше, а потоа се јави маж кој се претстави како полицаец и ми кажа дека мојата ќерка е мртва.

Ова за роднините го раскажал таткото на Марија, една од осумте жртви на стравичниот судир кој во вторникот се случи на автопатот кај Јагодина

Марија настрадала додека од Белград одела кај своите родители. Роднините на несреќната девојка велат дека за стравичната несреќа слушнале од медиумите, но дека не знаеле дека станува збор за Марија.

-Нејзиниот татко видел на вести и се посомневал дека таа е во колоната. Веднаш почнал да ја бара на телефон, но за жал од полицаец ја дознал тажната вест. Очајниот човек со автомобилот еднаш тргнал кон автопатот за да ја најде ќерката – раскажуваат роднините на настрадатана девојка, Марија која била гордост на семејството.

-Заминала од селото да студира во Белград. Татко и имал приватна фирма, па половина од времето живеела во село, а половина во град.

Мештаните и понатаму се очајни после незапаметаната несреќа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1