ИД планирала дестабилизација на Косово со напади врз Срби и КФОР


– Група од шест Косовци поврзана со џихадиситчката група Исламска држава (ИД) планирала террористички напади во Косово, Франција и Белгија, соопшти косовското Специјално обвинителство по шестмесечна истрага.

според обвинението, поднесено минатата недела, групата планирала да го дестабилизира Косово со терористички напади врз косовските Срби, а за таа цел биле одбрани дискотека во Грачаница и православни цркви во северна Митровица и во неколку други косовски градови. Исто така, се планирал и самоубиствен напад врз припадници на меѓународните сили во Косово – КФОР.

Во обвинението, чии делови објави порталот „Калѕо“, се опишани плановите за терористичките напади, начинот на избор на местата и времето кога ќе се нападне, последиците кои требало да се предизвикаат, како и начинот на финансирање на овие терористички активности.

Еден од обвинетите, Бујар Бехрами, во изјавата дадена во полиција на 12 минатиот месец, ги признал делата за кои се сомничи и открил податоци за тоа како биле планирани терористичките активности, како биле финансирани, како се регрутирале лицата кои требало да ги изведат нападите и какво оружје, експлозиви и други средства било планирано да се користат.

Меѓу другото, Бехрами открива дека финансиите од ИД ги обезбедувал шефот на разузнавањето на терористичкате организација Абу Ахмед, а доаѓале од поранешните советски републики Казахстан, Русија и Узбекистан. Тој лично примил 9.000 евра од едно лице од Германија, идентификувано со иницијалите М.М.

Според него, првично бил планиран напад врз израелските фудбалери и навивачи во Албанија во ноември 2016 година и тоа прво со дрон со експлозив, а потоа и со автоматско оружје. Откако овој план бил спречен од албанската полиција, за што во мај годинава косовски суд осуди девет лица,, заедно со командантите на ИД со потекло од Косово, Љавдрим Мухаџери и Ридван Аќифи, започнале да се планираат напади во Косово. Комуникацијата со Мухаџери и Аќифи, според Бехрами, продолжила се до нивното загинување во Сирија во 2017 година.

– Мојата идеја беше да се изведат напади врз православни верски објекти на нивниот Божик. На почетокот немаше ниту финансии, ниту луѓе за тие напади. Јас во врска со тоа пребарав на интернет за тоа каде се наоѓаат нивните (српски) цркви, како и за силни отрови и експлозиви, вели Бехрами во изјавата.

По ова, според него, би уследиле и напади на Велигден и тоа во Грачаница, Митровица, Пеќ и Призрен, а откако и тие планови пропаднале, почнале да планираат напади на српскиот празник Видовден.

Овие планови, според обвинението, пропаднале затоа што органзиаторите не успеале да најдат луѓе кои би ги извеле, а имале потешкотии и за пронаоѓање експлозив, иако за таа цел еден од обвинетите отпатувал во Албанија, каде што контактирал со одредено воено лице.

Друг обвинет, Грамоз Шабани, кој има белгиско државјанство, планирал напади во Белгија и Франција и тоа на места каде што има голема фреквенција на граѓани.

Делувајќи според инструкции на Шабани, обвинетата Едона Халити, според обвинението, во текот на мај годинава, до 2 јуни, била инволвирана во инкриминирачки дејствија за подготовка на терористички напади во Косово, на тој начин што планирала да изврши самоубиствен напад со возило полно со експлозив врз припадници на КФОР

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1