Заев: Верник сум, верувам во чуда, па и во двотретинско мнозинство


Се уште има време до утре кога ќе биде гласањето за уставните измени на собраниската седница да се случат чуда порача премиерот Заев. Вели оптимист е и денеска уште еднаш ги повика пратениците од опозициската ВМРО ДПМНЕ да соберат храброст и да помогнат во обезбедувањето на двотретинско мнозинство. Тврди дебатата се уште е отворена и прифатени се многу иницијативи кои дојдоа од пратениците.

„Транспарентни сме до крај и прифативме многу иницијативи.“ – изјави Зоран Заев.

Од ВМРО ДПМНЕ чија пратеничка група се откажаа од собраниската дебата за уставните измени и денеска порачуваат дека се единствени во ставот дека не го подржуваат Преспанскиот договор и дека ќе ја почитуваат вољата на граѓаните од референдумот.

„Ставот на ВМРО-ДПМНЕ после кординацијата беше повеќе од дециден и дека не го поддржуваме капитулантскиот договор и ќе ја почитуваа волјата на граѓаните.“ – изјави Димче Арсовски.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1