СДСМ: Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ поразено од сопствената партија


Раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се антимакедонски и антизападни марионети спречени во обидите да ја закочат македонската иднина.

Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се поразени од сопствената партија и не успеаја да го блокираат патот на Македонија кон ЕУ и НАТО.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот играч Мицкоски, да ги тргнат на страна рацете од сите граѓани и сите пратеници кои сакаат да ја видат Македонија во НАТО и ЕУ.

80 пратеници во Собранието слободно, по сопствено убедување и низ демократска постапка гласаа за иднина во ЕУ и НАТО и ја испочитуваа волјата на над 80 отсто од сите граѓани.

Македонија се обединува околу иднината во ЕУ и НАТО. Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ остануваат изолирани во темното минато на изолација и поделби.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1