Се поголем број мигранти од Централна Америка се приближува кон границата меѓу САД и Мексико, а моментално ги има околу 5.000, јавува АП.
Агенцијата наведува дека бројот на мигрантите на граница се зголемил во текот на ноќта, и дека не вродиле со плод напорите на мексиканската влада да ги запре на граница.
Бегалци главно се од Хондурас, но и од Ел Салвадор и Гватемала. Нивната крајна цел не е Мексико, туку САД. Моментално се движат кон градот Тапачул во Мексико во колона која е долга 1,5 километри.
Најголема гужва има на мостот преку реката Сучиате која ги дели двете земји, кој моментално е блокиран.
Поради тоа мигрантите скокаат од мостот во вода, обидувајќи се да ја препливаат реката и да поминат во соседно Мексико.
Неколку стотици мигранти се пријавија за статус бегалци во Мексико, а се верува дека во државата пристигнуваат уште околу 1.500 мигранти.
Претходно, Трамп се закани со употреба на воени сили дека целосно ќе ја затвори американско – мексиканската граница, како и дека ќе ја намали помошта за жителите на Хондурас, која во 2017 година изнесувала 175 милиони долари.