Спасовски: Се обезбедуваат сите 80 пратеници кои гласаа ,,за,, – има реални и директни закани


Сите 80 пратеници кои гласале за уставните измени во Собранието се под засилено обезбедување на Министерството за внатрешни работи, соопшти денеска министерот Оливер Спасовски. Тој рече дека заканите доаѓале од „група блиска до иницијативата Бојкотирам“. Станувало збор за закани по живот и по имотот на повеќе пратеници од страна на оваа група.

„Се додека има такви закани, пратениците ќе бидат обезбедувани“, вели Спасовски. Министерот тврди дека станува збор „за реални и директни закани кон пратениците“.

Потсетувајќи дека вчера бил извршен претрес во домот на лице кое ширело закани преку социјалните мрежи, тој порача дека нема „да се дозволат говор на омраза и закани кон граѓаните“, без оглед на нивните политички ставови.

Направени се безбедносни проценки за пратениците кои гласаа „за“ и се додека постои опасност ќе бидат обезбедувани, информира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Закани има на фејсбук, но и на други социјални мрежи.

-Нема да допуштиме такво однесување и секој кој ќе внесе страв кај граѓаните или пратениците ќе биде санкциониран. Не е сериозно да се излезе во јавноста со обвинувања дека на пратениците им биле нудени пари да гласаат „за“, вели министерот Спасовски и го повика Јавното обвинителство да отвори истрага.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1