Полицијата ја потврди тепачката во Штип во која според Канал77 учествувал Роби Телекабел


Полицијата излезе со официјална потврда на настанот, во кој како што вчера објави Радио Канал 77 / ммс.мк учествувал основачот на „Телекабел“, Роберт Димитров. Во инцидентот со тешки телесни повреди во болница заврши сопственикот на кафулето „Илужн“, Ацо Панов.

Според соопштението на СВР Штип, настанот се случил во неделата, 21 октомври, во 2:55 часот, кога „Р.Д. (45) држејќи стаклено шише се доближил до масата на која седеле А.П.(34), заедно со М.К. (26), С.С. (22) и Ѓ.Ш. (35), сите од Штип, при што во еден момент Р.Д. неколку пати го удрил А.П. со шишето во пределот на главата, по што му се придружиле С.З. (28), Ф.З. (23) и Ж.К. (38), кои продолжиле со чаши и шишиња да го удираат А.П. по главата и телото. Потоа напаѓачите ја напуштиле дискотеката, а А.П. е пренесен во Клиничката болница во Штип“, соопшти СВР Штип.

Со оглед на констатираните тешки телесни повреди, на инцидентот работи и Основното јавно обвинителство од Штип.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1