Палмер на средба со Димитров во МНР


Заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на САД, Метју Палмер, кој денеска престојува во посета на Македонија, претпладнево во МНР на средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Министерот Димитров упати благодарност за континуираната американска поддршка на евроатлантските интеграции на Република Македонија. Тој нагласи дека граѓаните на Република Македонија, иднината на својата земја ја гледаат во евроатлантското семејство и изрази уверување дека успешно ќе го изодиме патот кон заслуженото место во НАТО и во Европската унија.

МНР Димитров и заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, разговараа за тековните аспекти на процесот на пристапување на Република Македонија во НАТО, како и за неодамнешниот прогрес во однос на постапката за уставните промени во Парламентот, со цел успешна имплементација на Договорот со Грција и зачленување на Република Македонија во Алијансата како нејзина 30-та земја-членка, се вели во соопштението.

Палмер во текот на денов ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев, како и со претставници на политичките партии.

Ова е втора посета на Палмер на земјава оваа година. Заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на САД, последен пат на средби со македонскиот државен врв беше во август годинава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1