Куче му ги одризало гениталиите на дете (14), лекарите едвај го спасиле тинејџерот


Куче скитник во Зеница нападал дете (14) и го изгризал по гениталиите.

Застрашувачкито напад на кучето се случило минатиот викенд, а на детето на кое куќето речиси му го отгризал пенисот итно е опериран во Кантоналната болница во Зеница. лекарите од Ургентното одделение вложиле максимални напори за да му го спасат половиот орган на детето.

По оперативниот зафат, четиринаестгодишното момче е префрлено на уролошкото оддление и состојбата му е стабилна.

„Кај детето по приемот се констатирани тешки повреди во пределот на пенисот, и тоа на завршната третина, но по интервенцијата на лекарите и операцијата, можеме да кажеме дека раните му се доста санирани“, наведе дежурниот лекар од Урологија.

„Тој веќе уринира самостојно, но тоа го отежнува зараснувањето на раната која би требало да остане сува. Поради сетоа тоа ќе биде потребно време за да зарасне целосно и потполно да се опорави“, напоменува лекарот.

Бидејќи немало сигурни информации дали кучето што го нападало детето било вакцинирано, тоа сепак примило и тетанус.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1