Канческа Милевска: Сама ја донесов одлука да гласам ЗА и гордо стојам зад тоа


Сама ја донесов одлуката да гласам ЗА и да го поддржам процесот за придвижување кон ЕУ и НАТО, заради Македонија-рече пратеничката Елизабета Канческа Милевска во емисијата 360 на Алсат М.

Таа негираше дека претходно имала некаков договор со некого, била дел од организирано гласање или дека некој вршел притисок како да гласа.Елизабета Канческа Милевска рече дека е горда , дека стои исправено пред своите одлуки и дека не може да прифати некој да ја ограничува да го искаже своето мислење и став.

Најави дека така ќе делува и во иднина.

Вели дека повеќе од нејзините колеги размислуваат како неа, и не е исклучена можноста во иднина да се приклучат кон процесот на движење на Македонија кон ЕУ и НАТО.

Тврди дека нејзиното гласање е предмет на подолготрајно размислување, а не на став донесен за една вечер.

Елизабета Канческа Милевска изјави дека за нејзините ставови бил известен и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1