ЦК на ВМРО-ДПМНЕ го исклучи од партијата Петар Богојески


Најголемата опозициска партија се соочува со огромен земјотрес по гласањето за уставни измени од страна на нивни досегашни пратеници. Како реакција, по исклучувањето на седумтемината пратеници, вечерва Централниот комитет ги разреши и исклучи од партијата Костадин Богданов, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и ’реформаторот’ Петар Богојевски.

Според партиски извори, на Централниот комитет биле исклучени како што се вели најголемите виновници за раздорот во партијата и тоа градоначалникот Митко Јанчев, како и ’реформаторите’ Костадин Богданов и Петар Богојевски. Сите тие повикуваа да се излезе и да се гласа на референдумот, а после неуспехот на референдумот ги поддржаа уставните измени на власта со цел промена на уставното име.

Неофицијално, се спомнува дека од партијата е исклучен и влијателниот Сашо Мијалков, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на кој му се припишува вина дека ’кумувал’ врз дел од пратениците да прифатат гласање за уставни измени.

Митко Јанчев е сопственик на Кожувчанка и градоначалник на Кавадарци, додека Богданов и Богојевски беа инсталирани од новото раководство на ВМРО ДПМНЕ како дел од ’реформаторите’ кои подолг период бараа реформи во партијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1