Сашо Мијалков исклучен од партијата – Мицкоски во борба против „мијалковистите“


Екс директорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков е исклучен од партијата.

Вечерва на ЦО на партијата покрај исклучуваето на Јанчев и Богданов од партијата е исклучен и Сашо Мијалков, доскорешен член на ИК на партијата и еден од најмоќните функционери во изминатите години во времето на лидерувањето на братучед му Никола Груевски, пренесе Магазин.

Иатата информација ја пренесува и 1тв.мк со наслов ,,Официјално и потврдено – Сашо Мијалков е исклучен од ВМРО-ДПМНЕ

Иако тој самиот демантираше каква било вмешаност во актуелните случувања поврзани со обезбедувањето на двотретинското мнозинство за почнување на процесот за уставни измени во законодавниот дом, сепак претседателот на партијата Христијан Мицкоски се одлучил на ваков чекор и покрај противењето на голем број на членови и симпатизери.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1