Бараме од 8-те пратеници кои мандатот го добија благодарение на пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и од граѓаните поддржувачи на политиките на ВМРО-ДПМНЕ а кои гласаа за отварање на уставни измени со цел промена на уставното име во Собранието на Република Македонија, мандатот да го вратат на граѓаните и да си поднесат неотповиклива оставка, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
Тој додаде и дека пратениците веќе немаат никаков легитимитет да ги застапуваат интересите на граѓаните бидејќи истите ги погазиле поради тоа што гласале за предлогот за отварање на уставни измени а референдумот не бил успешен.