Никола Груевски останува во ВМРО-ДПМНЕ


По вчерашнитe одлуки за разрешување и исклучување од партијата на Сашо Мијалков, Никола Тодоров, Митко Јанчев и Костадин Богданов, како лица кои според Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, работеле спротивно на партијата и на интересите на граѓаните, потпретседателот Александар Николовски изјави дека Никола Груевски останува во партијата.

За почесниот претседател на партијата Никола Груевски, рече тој, немаат информации дека работел спротивно на интересите на ВМРО-ДПМНЕ.

Четворица вечерва исклучени, како и пратениците од претходно кои гласаа за отворање на Уставот, Николовски рече дека работеле спротивно на интересите. Дел од нив, Јанчев и Мијалков и директно ги спомена како лица кои учествувале во притисоците над пратениците за постигнување на двотретинско мнозинство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1