Никос Коѕијас за време на неговиот говор од градот Ираклио на грчкиот остров Крит, осврнувајќи се на прашањето за името, преговорите и решението меѓу двете земји вели..
– Сакаме најблискиот наш сосед да е под влијание, под контрола на трети сили како што е Турција? Сакаме, како што сакаат некои, распаѓање на една држава на Балканот, да ја дестабилизираме и да се подели оваа земја меѓу Бугарија и Албанија? Или сакаме да имаме стабилност на Балканот, стабилност на границата, развој на влијанието на нашата земја во регионот и да можеме да правиме сојузништво?, се запраша Коѕијас.
– Русија смета и не сака да постои држава што се вика ПЈРМ и да се интегрира во НАТО. Решението на името не се дава за да се интегрира ПЈРМ во НАТО. Премиерот многу внимателно го кажа она што го велиме во Министерството за надворешни работи и го повтори во саботата во неговата изјава, кога ја презеде функцијата, дека за нас е национален интерес ПЈРМ да го смени името, да се стабилизира и да се тргне од прегратката на Турција. Ако самите сакаат да влезат во НАТО тоа е нивно право. Русија се вмеша меѓу нашите национални интереси и она што го сака за НАТО, рече Коѕијас.
Во овој контекст, поранешниот министер за надворешни работи на Грција, истакна дека во преговорите не треба да се дозволи вмешување на многу страни, бидејќи така нема да се најде решение
Коѕијас додаде дека во преговорите за името, не дозволил на никој да се вмеша и да учествува освен него, министерот Димитров, премиерите на двете земји и експертите.