Специјалното јавно обвинителство изреагира на написите во различни медиуми кои шпекулираат дека СЈО му го вратило одземениот пасош на Сашо Мијалков.Од таму потенцираат дека не донеле ниту една позитивна одлука по барањата за враќање на одземени патни на лица против кои СЈО има покренато кривични пријави.
Кривичниот совет при основниот суд Скопје 1 не постапувал по барање за укинување на мерката за претпазливост на Сашо Мијалков. Во однос на информациите поврзани со лицето С.М обвинето во повеќе предмети на СЈО од Основниот суд Скопје 1 информираме дека Кривичниот совет при овој суд воопшто не постапувал по барање за укинување на мерката за претпазливост на посоченото лице и оти информациите пуштени во јавност се апсолутно неточни, појаснуваат од Основниот суд Скоје 1.