Со нож прободени 14 деца во градинка во Кина


14 децa од претшколска возраст се повредени во напад со нож во градот Чонгкинг во југо-западна Кина.

За нападот уапсена е 39-годишна жена која е осомничена дека ги прободела децата со кујнски нож додека тие биле легнати на грб за време на утринската вежба.

Повредените деца се хоспитализирани, а според локалните медиуми, две од нив починале, но тоа се уште не е потврдено од полицијата.

Уапсената на полицијата и кажала дека причината поради која ги нападнала децата е поради тоа што кинеската влада ја одбила за азил, но се уште не се знае зошто токму овие деца биле нејзината цел.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1