Шинејд О`Конор премина во ислам (ВИДЕО)


Ирската пејачка Шинејд О`Конор деновиве на Твитер објави фотографии од себе си со хиџаб, како и видео на кое пее Азан – повикот за молитва. Таа соопшти и дека преминала во ислам и го променила своето име во Шухада Давит.

– Објавувам дека со гордост станав муслиманка. Тоа е природен крај на патувањето на секој интелигентен теолог. Проучувањето на светите книги од сите вери води кон исламот, што значи дека сите други книги се излишни, напиша таа.

Пејачката е позната по хитот „Nothing compares to you” од 1990 година, но и по сценскиот настап во 1992 година, во кој искина портрет слика од папата Јован Павле Втори. Честопати во своите интервјуа говореше и за своите психички проблеми.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1