Му објавил фото и телефон, со недолична содржина на Фејс поради откажана нарачка – Доби кривична


Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 23-годишниот Х.И. од Скопје за сторено кривично дело “злоупотреба на лични податоци“.

-На 28.08.2018 година на социјалната мрежа „Facebook“ во две групи за огласи пријавениот, поради претходно откажана нарачка од 33 годишно лице од Тетово, објавил фотографии, лични податоци и телефонски број, од истиот, во прилог на кои бил наведен текст со навреди и недолична содржина, информираат од МВР.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1