Откриена строго чувана тајна: Американската војска сакала да изгради флота на летечки чинии


Вонземјаните официјално никогаш не постоеле, но, летачките чинии изгледа по се постоеле. Националниот архив на САД неодамна објави шематски приказ кој досега никогаш не бил обелоденет во јавноста, за детален воен проект во последните педесетина години, под името „Проект 1794“, кој имал за цел да изгради сеуперсонична летачка чинија.

Овој материјал на кој од неодамна му била скината ознаката на „строго доверливо“, покажува дека воздухопловните сили на САД, во соработка со канадска компанија која повеќе не постои, имале договор за изградба на летала кои имале еден чуден облик кој што дотогаш вооптшо не бил виден. „Проектот 1794“ поминал низ почетната фаза на развој и стигнал до изградба на прототип.

Во меморандумот од 1956 година, се резимирале резултатите на тестирањето на прототипот и откриено е што точно инжинерите кои работеле на овој проект, се надевале дека ќе конструираат.

Во документот се тврди дека летечките тањири требале да развијат брзина меѓу 3 и 4 мах, и дека леталото лета на висина од 30,000 метри, со максимален долет од околу 1000 наутички милји.
Летечката чинија била способна за вертикално полетување и слетување, додека за нејзината контрола и стабилизирање биле користени млазни мотори.


Долетот од 1000 наутички милји делува сосема ограничено во споредба со други спецификации, но овој необичен диск можел да го прелета растојанието од Њујорк до Мајами за само 24 минути.
Документите навестуваат дека развојот на ваквиот производ течеле и подобро од планираното, така со право се поставува прашањето – зошто проектот е напуштен?

Цената на прототипот била проценета на околу 26,6 милиони долари во денешни пари и не би била неразумна за напредна технологија. Другите летачки чинии се развивале во склоп на истата програма, но имале меѓутоа доста јасен проблем – ни приближно не можеле да достигнат висина од 30,000 метри – во најдобра ситуација летале 1500 до 2000 метри, па војската во 1960 година, конечно го прекинала финансирањето.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1