ВМРО-ДПМНЕ го достави предлог законот за амнестија за настаните од 27 април (ФОТО)


Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ денеска до Собранието го достави предлог законот за амнестија за настаните во Собранието од 27 април.

Притоа свои очекувања даде пратеникот Драган Данев кој се обрати од Собранието на Република Македонија.

„Игор Дурловски, Владо Јовановски, Богдан Илиевски и Борис Дамовски не се терористи!

Не се терористи ниту вработените во Министерството за внатрешни работи, ниту останатите лица прогонувани врз основа на случувањата од 27-ми април!

Тоа го знаеме ние, тоа го знаете и вие колеги од власта, а тоа го знае и целата македонска јавност.

Затоа почитувани од СДСМ, бидете искрени и застанете еднаш зад она што го говорите, а кое е подадена рака и од нас за помирување.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ денеска го поднесе предлог законот за амнестија на лица осомничени, обвинети или осудени за собраниските настани од 27-ми април! Предлог законот е поднесен по скратена постапка и очекуваме пратениците од власта конструктивно да учествуваат во дебатата и да покажат дека не станува збор за лажно ветување за правда и национално помирување кое самите ќе го демантираат неколку дена откако беше споменато.

СДСМ со своето делување навистина внесува раздор, а не помирување во македонското национално ткиво. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ доставува предлог закон за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27-ми април, со кој се предвидува и уредува начинот на ослободување од кривично гонење, запирање на поведените постапки и целосно ослободување од издржување на казната затвор, а за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела согласно чл.384 – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие, согласно 386 – Насилство, согласно чл.385 – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело и дело согласно чл.313 – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност.

Со овој предлог закон се предвидува и бришење на осудата на лицата осудени заклучно со денот на влегување во сила на овој закон.

Предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ обезбедува правда за сите, вистинско национално помирување, наместо селективност и поделби во општеството кои ги нуди СДСМ.

Целта е национално помирување и враќање на нормалните текови во државата. Спроведувањето на истиот не предвидува финансиски последици врз Буџетот на Република Македонија или други јавни средства.

Земајќи ја во предвид сложеноста на ситуацијата, законот го предлагаме во скратена постапка, како ефективно и ефикасно ќе дојде до спроведување на истиот.

, рече Данев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1