Тројца затвореници и еден надзорник хоспитализирани по пожарот во затворот во Шутка


Се запали притворското одделение во затворот во Шутка – неколкумина повредени

Пожар избил во соба од затворско одделение во Казнено-поправниот дом „Шутка” на улицата „Индира ганди” бб. Опожарени биле 15 квадратни метри.

Четири лица се хоспитализирани по пожарот што изби утринава во затворот во Шуто Оризари. Пожарот избил во соба каде се сместени осуденици. Три од хоспитализираните се осуденици, а еден е надзорник од затворската полиција.

Тие се пожалиле на задушување, а повреди од типот на изгореници не пријавил никој.

Од затворот велат дека причините за пожарот ќе се знаат откако ќе заврши истрагата. Од таму додаваат дека се уште трае увидот на увидната екипа

Од Територијалната пожарникарска бригада на Град Скопје изјавија дека во гаснењето на пожарот интервенирале со пет возила и 11 пожарникари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1