Вчера околу пладне во Полициската станица Гевгелија, Н.В. (72) пријавил дека истиот ден во Гевгелија две непознати лица го измамиле и му одзеле 8.000 евра.
Двете лица, кои зборувале на српски јазик, му се доближиле и му побарале пари затоа што, како што рекле, имале проблем со реализација на чек во банка, а им требале како гаранција за да може едниот од нив да оди на операција во Струмица.
Според пријавата, тие требале само да ги покажат парите на лекарот и потоа ќе му ги врателе. Откако им ги дал парите, заминале и не се вратиле.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.