Исчезнаа милијардите на Гадафи


Од белгиските банки исчезнале дел од парите на убиениот либиски лидер Муамер ел Гадафи, јавува телевизијата „РТБФ“, а пренесува „Спутник“.

Со одлука на Советот за безбедност на ОН од 2011 година, средствата на Муамер ел Гадафи биле замрзнати.

Во тој момент во банките „БНП Парибас фортис“, „ИНГ“, „КБЦ“ и „Јуроклир банк“ се наоѓале повеќе од 14 милијарди евра на поранешниот либиски лидер.

Одлуката на СБ на ОН не се однесувала на каматите.

ЗА осум години таа сум би се зголемила за 3 до 5 милијарди евра и токму тие пари се исчезнати. Се претпоставува дека завршиле во рацете на групите кои војуваат во Либија. Во тек е истрага.

За исчезнувањето на 10 милијарди евра од смрзнатите либиски сметки се пишуваше и претходно.

Потсетуваме, во 2013 година на тие сметки се наоѓале 16 милијарди евра, а во 2017 година кога белгиските власти после истрагата за перење пари имале намера да ги конфискуваат парите, откриени се само 6 милијарди евра.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1