Одлуките на АСНОМ во Преамбулата се заменуваат со прогласот, се додава и Охридскиот договор


Четирите амандмани што ги подготви владата се едноставни, немаат ништо спорно и се во согласност со меѓуанродните стандарди и оти заслужуваат поддршка од сите пратеници во име на интеграцијата во ЕУ и НАТО, изјави премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата на која ги презентираше.

„Првиот амандман се однесува на замената на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија секаде во Уставот, освен во членот 36 каде има историски аспект“, рече Заев.

Вториот се однесува на Преамбулата на Уставот, каде, како што кажа Заев, одлуките на АСНОМ се заменуваат со прогласот од Првото заседание на АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор за да биде конститутивен елемент на државата. Тоа, според него, е дел од Уставот на Република Македонија, само сега се додаваат формулации и тоа е фер кон сите помалкубројни заедници

„Во третиот амандман се додава само еден став, а тоа е Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегриет и политичката независност на соседните држави, што дава посилни гаранции за трајност и неповредливост на границите со Грција, иако се однесува за сите соседи“, изјави Заев.

Во четрвтиот амандман, како што кажа, покрај потврдување на македонскиот идентитет стои дека Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство, и ги унапредува нивните врски со татковината.

„Токму тоа е за нашата дијаспора, за која останува грижата, но на еден европски начин. Направена е една преформулација на членот 49 за да не предизвика одредени други пречки во иднина. Републиката се грижи за припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство. Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи. На едноставен начин е прецизирано, но конечно е отстранета која било бојазност од двете страни во преговорите за што било во иднина да претставува пречка во градењето на пријателството помеѓу Република Македонија и Република Грција“, рече Заев.

Тој додаде дека во нацрт-амандманите на Уставот се вклучени и предлозите на новата пратеничка група во Собранието.

На новинарско прашање како ја променил одлуката Охридскиот рамковен договор да биде дел од Уставот, Заев рече дека низ дебата со пратениците одлучиле кога веќе се отвора Уставот, да се додаде и тој важен документ, кој и онака е веќе вграден во Уставот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1