Полиција почна да го чува домот и на Митко Јанчев


Сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои дадоа поддршка за промена на името имаат полициско обезбедување. Од вчера, под полициска стража е и поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев.

Веднаш по гласањето, пред домовите на 8мината пратеници полицијата постави свои контролни точки и практично ја обезбедува нивната и безбедноста на нивните семејства .

Сите за кои имаме сознанија, за кои има пријави, за кои има сериозни закани и имаме направено проценки дека треба да бидат обезбедување, се обезбедени, одговори денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на новинарското прашање дали се обезбедуваат пратениците и конкретно градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, кој пријави закани по неговото семејство.

– Градоначалникот Митко Јанчев има пријава дека има закани. Нивото на неговото обезбедување е патролно. МВР стои на располагање за секој еден кој има закани да обезбеди соодветно обезбедување, рече Спасовски на заедничката прес-конференција со директорот на Оперативно техничката агенција Зоран Ангеловски.

Инаку, МВР почна да им дели и кривични пријави на сите кои на социјалните мрежи им се закануваат на пратениците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1