Скопјанка си пазарела на интернет со туѓа кредитна картичка


Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Ј.И.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo казниво по член 274-б став 1 во врска со став 3 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Пријавената со платежна картичка на оштетено физичко лице направила 15 онлајн трансакции, при што нанела штета за околу 33.000 денари. Ј.И. од македонски ИП адреси извршила успешни трансакции на продажни места на повеќе фирми на интернет и притоа ја оставала својата е-маил адреса.

Исто така, на 5.септември годинава пријавената направила уште една трансакција на банкомат во Скопје во висина од 6.000 денари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1