Девојчето чија фотографија го потресе светот почина од глад


Амал Хусеин, седумгодишното девојче од Јемен чија фотографија од насловната страница на Њујорк Тајмс стана симбол на страдањето во оваа земја, почина од последиците на глад и неухранетост.

Фотографијата на, со Пулицер наградениот новинар Талер Хикс го покажува слабото девојче кое лежи во кревет, а снимена на 18 октомври во болничкиот кревет на мобилната УНИЦЕФ клиника во Аслам.

Девојчето страдало од сериозна хронична неухранетотс, а истиот момент стана бсимбол на бруталната војна која милион луѓе доведе до работ на преживување.

Мајката на Амал, Мариам Али вели дека срцето и е скршено.

„Амал секогаш се смееше. Сега сум загрижена за останатите деца“, рече нејзината мајка.

Вели дека Амал починала 10 дена по приемот во болница.

Јемен во 2012 година стана бојно поле во војната меѓу сунитите од Саудиска Арабија, кои го поддржува јеменската влада и шиитите од Иран, кои имаат поддршка од шиитските бунтовници.

Меѓутоа во 2015 година насилството дојде до критичната точка кога коалицијата на Саудиска Арабија го бомбардираше ова подрачје, при што голем број луѓе настрадаа, и беше разорен голем дел од земјата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1