Англија: Се урна тобоган, 8 деца тешко повредени


Осум деца се повредени на југот на Англија кога се урна тобоган на дување во текот на одбележувањето на „Ноќта на кладата“.

Инцидентот се случил во Вокинг, 40 километри југозападно од Лондон, каде илјадници луѓе се собраа да го гледаат огнометот.

Новинарот Енди Дејтсон рече дека видела како околу 40 играле на тобоганот, висок, според негова проценка, околу 9 метри, пренесе АП.

Дејтсон рече дека тобоганот изгледал „прилично нестабилно“.

„Гардијан“ наведвуа дека огнометот е откажан и дека се евакуирани 12.000 луѓе за да се направи место за слетување на хеликоптерот на итната помош.

Децата се префрлени во болница со „потенцијално тешки повреди“.

Ширум Браитанија со огномети се одбележува годишнината од неуспешната завера на Гај Фокс во 1605 година да го крене во воздух парламентот.ѓ

Тој ден се одбележува како „Ноќ на огнометот“ или „Ноќ на кладата“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1