СЈО отвори истрага „Империја“ против Камчев и Мијалков, петмина приведени


По информациите за претресот кој од утрово се врши во фирмите на Орце Камчев и на други лица, СЈО излезе и со официјално соопштение наведувајќи дека презело десетина предмети од други обвинителства и денеска отворило нова истрага под кодно име „Империја“.

Истрагата е против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски. Тие се осомничени за делатаЗлосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и др. Пет лица се приведени и за нив СЈО ќе бара мерки за обезбедување. Засега не навеуваат кои се тие лица и дали ќе се бара притвор, одземање на пасоши или друга мерка.

„Во текот на предистражната постапка, со преземање на различни истражни дејствија како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост. Во текот на денешниот ден од страна на ова Јавно обвинителство, во соработка со МВР, беа извршени 12 претреси и лишени се од слобода пет осомничени лица, кои во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка и за кои ќе бидат побарани мерки за обезбедување присуство“, соопштија од СЈО.

Во скоро време, најавуваат, се очекува и проширување на истрагата кон нови лица и за нови кривични дела, а во насока на обезбедување на имотно – правните барања од оштетените лица и обезбедување на предметите кои потекнуваат од кривичните дела ќе бидат побарани и мерки за привремено обезбедување на имот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1