Има простор да им се прости на луѓе кои се колатерална штета на една погрешна кауза, за настаните на 27 април во Собранието, вели вицепремиерот Бујар Османи во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Но процесот ќе биде во консултација со меѓународни партнери, вели тој. Што се однесува до планот 18, според Османи тој е суштински за добивање датум за почеток на преговорите со Европската Унија во јуни 2019 година.