Последните зборови на Кашоги: „Се гушам… извадете ја кесата од мојата глава“


Саудискиот новинар Џамал Кашоги бил задушен со пластична кеса која му била ставен на главата, изјави новинарот на „Ал џезира“, Назиф Керман, за турскиот весник „Дејли сабах“.
Шефот на истражувачкиот тим изјави дека, според аудиоснимките од саудискиот конзулат во Истанбул, последните зборови на Кашоги биле: „Се гушам… извадете ја кесата од мојата глава, клаустрофобичен сум.“

Керман додаде дека на снимката се слуша моментот на убиството, што траело околу седум минути и дека саудиските убијци го покриле Кашоги со пластична кеса пред да го исечат на парчиња телото на Кашогоми.

Тоа, додаде тој, траело 15 минути. Новинарот наведува дека сето тоа било по водство од Салах ал Тубаиџи, форензичар во судиските сили.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1